Најмалку 600 осудени лица, од сите затвори во Албанија, најверојатно ќе ги напуштат затворските ќелии за новогодшните празници.
Предлог-законот за нивна амнестија е подготвен од Министерството за правда и откако ќе мине на Владата, ќе биде доставен на разгледување и усвојување во Парламентот.
Со овој предлог-закон ќе бидат амнестирани сите осудени лица со правосилна одлука до три години затвор, за пресуди изречени до 30 ноември 2018 година, без оглед на времето минато во затвор, како и лицата на кои од изречената казна им остануваат за отслужување од шест месеци до една година.
Друга категорија која е опфатена со амнестијата се осудените жени и мажи, кои на денот на стапувањето во сила на законот наполниле 50 односно 60 години, како и лица кои на денот на извршувањето на кривичното дело биле малолетници, освен осудените за убиство или други тешки кривични дела.
Со амнестијата нема да бидат опфатени осудените лица за убиство, сексуално злоставувања, прекршоци против моралот и достоинството или оние кои извршиле кривични дела врз деца или во семејството. Амнестијата нема да се однесува ниту на сторителите на дела поврзани со ограничување на слободното изјаснување на избори и за нарушување на демократскиот изборен процес, како ни за лица осудени во отсуство.
Ова е втора амнестија со која се опаќаат голем број осуденици. Претходната беше во 2016 година, кога беа амнестирани 700 осуденици.
Право, според уставните надлежности, да амнестира осудени лица има и претседателот на државата. Актуелниот шеф на државата Илир Мета деновве предупреди дека нема да амнестира ниту еден затвореник за кривични дела поврзани со семејно насилство или сексуално злоставување.