Голем пожар во моментов е активен во областа Мариово, кој е во должина од 20 километри. Загрозени се повеќе села. Поради сериозноста на ситуацијата денеска повторно ќе се одржи кризен штаб , кој заседаваше и синоќа во присуство на директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. На терен се околу 200 луѓе, професионални пожарникари на ТППЕ Прилеп, војници, пожарникари од соседните општини и од месното население од околните населени места. За гаснењето на пожарот се дејствува и од воздух.
– Од неделата тимови на Територијалната противпожарна единица Прилеп се на терен во областа, а големиот чад го отежнало гаснењето со воздушна поддршка вчера. Исто така во гаснењето на поѓарот ангажирани се и сите материјално-технички средства на Јавните претпријатија од Општина Прилеп – велат од општината.
Во координација со соседните општини и нивните противпожарни единици обезбедена е поддршка од Битола, Кавадарци, Новаци, Могила и Ресен. Ка.М.