Едно лице е приведено во полициската акција и истрага по синоќешниот смртоносен напад со нож во Солинген, западна Германија, соопшти денеска германската полиција.
Сторителот на нападот побегнал по нападот, а денеска, по апсењето, полицијата во Дизелдорф соопшти дека проверува дали приведениот има „каква поврзаност со нападот“.
Во нападот загинаа три лица, а осум се повредени. Нападот се случи додека десетици илјади луѓе во Солинген присуствуваа на одбележувањето на 650-годишнината од основањето на градот.