Американска телекомуникациска компанија санкционирана поради измама во која се користи гласот на американскиот претседател Џо Бајден
Американската телекомуникациска компанија „Линго телеком“ е казнета со милион долари поради лажен повик со гласот на американскиот претседател Џо Бајден, кој бил генериран со помош на вештачка интелигенција (ВИ).
Лажниот повик што личел на гласот на американскиот лидер бил искористен во јануари за повикување на гласачите во американската сојузна држава Њу Хемпшир да не учествуваат на прелиминарните избори на Демократската партија.
Гласот на Бајден во повикот бил генериран со помош на софтвер за вештачка интелигенција, а фалсификувани биле и информациите за испраќачот, за да личи дека повикот е упатен од демократски политички комитет.
„Линго телеком“ се согласил да ја плати казната и исто така се обврзал на единствена програма за проверка на доверливоста на клиентите што ги користат неговите мрежи за пренос на податоци, соопшти Федералната комисија за комуникации (ФЦЦ). Р.С.