Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска во Пекинг се сретна со италијанската премиерка Џорџа Мелони, при што ги повика двете земји да ги разгледаат заемните односи на долгорочна перспектива и да работат заедно на меѓународните прашања.
– Кина е многу важен соговорник за прашањето на растечката меѓународна несигурност – рече италијанската премиерка Мелони.
Таа ја изрази својата увереност дека Рим може да има значајна улога во односите на Пекинг со Европската унија во услови на трговски тензии меѓу 27-члениот блок и втората по големина економија во светот.
Мелони е во петдневна посета на Кина, во рамки на која вчера се сретна со својот кинески колега Ли Кианг.