Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека целиот свет обрнал внимание на „лапсусите“ на американскиот претседател Џо Бајден на самитот на НАТО и го нарече „неприфатлив“ начинот на кој американскиот претседател зборувал за рускиот претседател Владимир Путин.
– Апсолутно е неприфатливо еден шеф на држава да зборува со непочитување за друг шеф на држава. Ова е нешто на што секогаш обрнуваме внимание и е неприфатливо – рече Песков.
Тој истакна дека Бајден вчера направил грешка кога го претставил украинскиот претседател Володимир Зеленски како „претседателот Путин“, по што веднаш се поправил.