Земјата да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат, порача денеска од Виница евроамбасадорот Дејвид Гир, одговарајќи на новинарски прашања, дали резултатите од евроизборите ќе влијаат на процесот на проширување на ЕУ.
-Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет – рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.
– Единствената работа којашто можам да додадам е дека во овој момент навистина постои огромна можност за Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на Европската Унија, така да јас навистина се надевам дека Северна Македонија, меѓутоа и цел Западен Балкан ќе може да го искористи овој позитивен моментум во контекст на проширувањето на ЕУ и ќе може да се движи порешително кон евроинтеративниот пат – додаде Гир.