Фото: Маја Јаневска-Илиева

ОДБОЈКА – БАЛКАНСКО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ

Машката кадетска репрезентација на Македонија за одбојкари до 18 години, предводена од селекторот Ванче Санев, со победа на дуелот со домаќинот Албанија со 3-1 во сетови (25-20, 23-25, 25-19, 25-23) го почна својот настап на Балканското првенство (БП) во Тирана. Во вториот меч од ова коло репрезентацијата на Србија со 3-0 во сетови ја совлада Црна Гора. Секоја репрезентација ќе одигра натпревар со преостанатите три селекции, по што ќе биде одреден и конечниот пласман. Според предвидениот распоред, вчера Македонија требаше да игра со Србија, Албанија со Црна Гора, a денеска се дуелите Македонија – Црна Гора (15.30 ч.) и Србија – Албанија (18 ч.). Г.И.