Руските власти соопштија дека со посредство на властите на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) размениле 90 украински воени заробеници за 90 руски војници заробени во Украина.
– На крајот на преговарачкиот процес, 90 руски војници кои беа во животна опасност во заробеништво се вратени од територијата под контрола на режимот во Киев – објави Министерството за одбрана на Русија на Телеграм.
За возврат, беа предадени 90 воени заробеници од украинските вооружени сили, додаде руското Министерство, наведувајќи дека размената била извршена со „хуманитарно посредништво“ на ОАЕ.
Последната голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина беше во февруари. ОАЕ, исто така, посредува во враќањето на украински деца од Русија.