Европскиот фронт нема да учествува во гласањето за новиот владин состав, истакна Зијадин Села на прес-конференција во Собранието.
Европскиот фронт вечерва ја напушти собраниската седница на која се дебатира за изборот на нова влада.
Во Собранието вечерва продолжува расправата пред гласањето за новата Влада.
Мандатарот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред пратениците ја презентираше владината програма. Предвидено е Македонија да добие нова влада до полноќ.