Фото: „Нова Македонија“

ФУДБАЛ

Уште три слободни места на клупското СП 2025

Квалификациите за пласман на клупското Светско првенство (СП) во 2025 година се блиску до завршување со само три преостанати места, кои треба да се пополнат во текот на следните месеци, пишува Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Во новото натпреварување, во кое ќе играат 32 екипи, ќе учествуваат клубови од секоја од шесте конфедерации, кои ќе се натпреваруваат за титулата светски шампион. Вкупно 29 клуба досега обезбедија настап на клупското СП 2025, а 29-от клуб е новиот првак на Северна Америка, Пачука од Мексико, кој ја освои титулата неделава. Од преостанатите три места на клупското СП 2025, две се за тимови од Јужна Америка, чие годинашно континентално натпреварување е во тек, и едно на земјата домаќин на клупскиот Мундијал, САД.
Европа на клупскиот Мундијал в година ќе ја претставуваат Манчестер сити (Англија), Реал Мадрид (Шпанија) и Челси (Англија) како континентални шампиони во минатите четири години, како и Баерн (Германија), Пари сен Жермен (Франција), Интер (Италија), Порто (Португалија), Бенфика (Португалија), Борусија Дортмунд (Германија), Јувентус (Италија), Атлетико Мадрид (Шпанија) и Салцбург (Австрија), кои се пласираа преку патеката за рангирање во Европа, пишува ФИФА. Н.М.


ФУДБАЛ

Брест, дебитантот во ЛШ, дома ќе игра во Генгамп

Францускиот клуб Брест нема да игра домашни натпревари во фудбалската Лига на шампионите (ЛШ) на својот стадион стар 102 години за своето европско деби идната сезона, пишува агенцијата „Асошиејтед прес“ (АП). Европската фудбалска унија (УЕФА) соопшти дека барањето од Брест е да го користи стадионот на својот близок сосед, Генгамп, за четирите домашни натпревари во првата фаза на натпреварувањето во кое ќе настапат 36 екипи.
Домот на Брест не е доволно модерен за натпревари во Лигата на шампионите, со само 5.000 седишта во капацитетот на стадионот со 15.200 места, кои можат да ги задоволат стандардите на Европската фудбалска унија, која е во процес на одобрување на домот со 19.000 седишта на второлигашот Генгамп, на околу 110 километри источно од пристанишниот град Брест.
Брест никогаш претходно не играл во некој од европските фудбалски купови. Сезонава го освои третото место во француската Лига 1, зад шампионот Пари сен Жермен и зад вицешампионот Монако. Брест треба да заработи најмалку 30 милиони евра од наградниот фонд на Европската фудбалска унија за своето деби во фудбалската Лига на шампионите, пишува АП. Н.М.


ФУДБАЛ – АНГЛИЈА
Премиер-лигата се согласи да испроба систем за ограничување на трошоците

Клубовите од англиската фудбалска Премиер-лига се согласија да испробаат алтернативен финансиски систем што функционира како ограничување на трошоците во сезоната 2024/2025. Па, така, правилата за трошоци на тимот и правилата за прицврстување од врвот до дното ќе функционираат заедно со постојните правила за профитабилност и одржливост на „необврзувачка основа“, пишува „Би-би-си“. На тимовите ќе им биде дозволено да трошат не повеќе од 85 отсто од вкупните приходи на составите, според новиот систем. Премиер-лигата соопшти дека Правилата за прицврстување од врвот до дното се „дизајнирани да бидат превентивна мерка за заштита на конкурентната рамнотежа на Премиер-лигата“.
Клубовите ја изгласаа и одлуката за продолжување на користењето на системот видеопомошник-судија (ВАР) и во следната сезона. Лигата соопшти и дека сака да ги намали паузите на натпреварите додека се носат одлуки, со воведување полуавтоматска технологија за одредување офсајд. Н.М.