Русија сега е неоспорно поголема закана за безбедноста на Велика Британија и сојузниците од радикалните исламисти како што се терористичките „Исламска држава“ и „Ал Каеда“, тврди началникот на Генералштабот на британскиите копнени сили генерал Марк Карлтон-Смит во интервју за Дејли телеграф.
– Освен што се конвенционална воена закана, Русите постојано се стремат да го поткопаат Западот со развој на нови начини за водење војна во неконвенционални области како киберпространството и вселената, смета Карлтон-Смит.
– Русија денес е неоспорно поголема закана за нашата национална безбедност од заканите на исламските радикални групи како Ал Каеда и ИД, изјави генералот кој ја презеде функција од јуни.
Според него, Британија и сојузниците не треба да бидат пасивни пред заканите што доаѓаат од Русија и да ги остават без одговор.