Единствениот квиз на знаење во Македонија, „Арена“, кој се емитува на телевизијата Алфа, продолжува со својот поход за пронаоѓање на натпреварувачите што сакаат да покажат огромно знаење. Почетокот на четвртата сезона носи многу промени, а најинтересната за сите пријавени е главната награда од 120.000 денари.
Во изминатите три сезони учествуваа многу натпреварувачи што го проверуваа своето знаење во арената, но имаше и такви што станаа познати прекуноќ со своите гафови и грешки. Оваа сезона од телевизијата Алфа ни откриваат дека ќе биде највозбудлива досега. За таа цел ги охрабруваат сите оние што сакаат да го проверат и да го споделат своето знаење, да се пријават на [email protected].
Како и во минатите години, водител ќе биде Димитар Атанасовски.