Македонскиот електропреносен оператор (МЕПСО) АД Скопје се соочува со кибер-напад, но, како што соопшти денеска прес-тимот на МЕПСО, целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени.
Од МЕПСО истакнуваат дека критичната електронегетска инфраструктира не е предмет на нападот, безбедна е и целосно функционална.
– Во услови кога целиот свет се соочува со негативен глобален тренд на кибер-напади и нашата компанија не остана имуна на тоа. Иако АД МЕПСО ги има преземено сите мерки за заштита од кибер-напади од највисок степен сепак деновиве се соочивме со инциденти од тој вид. Имајќи предвид дека основната дејност на АД МЕПСО е пренос на електрична енергија и управување со електроенергетскиот систем ја информираме јавноста дека крититичната електроенергетска инфраструктура е безбедна, целосно функционална и не е предмет на овој кибер-напад. Тоа значи дека целосниот интегритет на електро-енергетската мрежа и снабдувањето со електрична енергија не се загрозени – наведува МЕПСО во соопштение.
Оттаму велат дека инцидентот е пријавен кај сите надлежни институции согласно препораките и правилата за кибер-безбедност.
Од страна на нашите стручни служби се преземени сите мерки за ублажување на ефектите од овој кибер-напад и во соработка со експерти од областа работат на нормализирање на секојдневната работа на компанијата, се наведува во соопштението.