Макпетрол е најуспешен клуб, а тренерите на Макпетрол, Бошко Заборски (сениорска) и Петар Заборски (младинска конкуренција), се прогласени за најдобри во изборот на КФМ
KAРATE – ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ ЗА 2023 ГОДИНА
Карате-федерацијата на Македонија (КФМ) на посебна свеченост ги избра најдобрите каратисти, тренери и клубови за минатата 2023 година. Така, Емил Павлов е избран за најдобар каратист на Македонија во борби во машка конкуренција, а Ангела Мојсовска во борби во женска конкуренција. За најдобар во кати кај сениорите е прогласен Кристијан Бајовски, а кај дамите Мартина Арсовска.
За најуспешен во генерален пласман, и тоа во највозрасните категории сениори/ки и постари јуниори/ки (до 21 година), е клубот Макпетрол. Тренерите на Макпетрол, Бошко Заборски (сениорска) и Петар Заборски (младинска конкуренција), беа прогласени за најдобри во изборот на КФМ.
Најдобри за 2023 година: ката, сениорки (до 21 год.) Јована Манчевска (Фунагоши Гичин), ката, сениори (до 21 год.) Давид Спасовски (Фунакоши Гичин), борби, сениорки Ангела Мојсовска (Макпетрол), борби, сениори Емил Павлов (Штип), борби, сениорки (до 21 год.) Викторија Јовановска (Макпетрол), борби, сениори (до 21 год.) Витомор Трајковски (Макпетрол), ката, јуниорки Данка Стојкова (Сансаи Метал-Апостолов), ката, јуниори Марко Поптодоров (Гладијатор), борби, јуниорки Дука Сара (Дебар), борби, јуниори Мемети Бесарт (Башкими), ката, кадетки Блерина Зендели (Ускана), ката, кадети Нуредин Дервиши (Ускана), борби, кадетки Драгана Ефтимовска (Штип), борби кадети Јован Врклевски (Кизаме). Г.И.