Младиот Алек Хлоупек како и лани и годинава го извади крстот од студените води на базенот во Кичево. На положувањето на крстот беа присутни поголем број верници, а во водите на базенот скокнаа околу 60 млади од градот помеѓу кои и една девојка , која по втор пат се обиде да го фати светиот крст. Младиот Хлоупек беше пресреќен што и оваа година му се посреќи да го фати крстот .
-Пресреќен сум што и годинава го извадив крстот од водите на базенот во Кичево.Со овој чин сметам дека ја исполнив својата цел и си посакав и годинава како и лани да имам многу здравје и среќа.Времето беше ислучително поволно за скокање во базенот и најавувам дека и до година ќе се обидам по трет пат да го извадам светиот крст од водите на базенот-рече пресреќниот наоѓаќ Алек ,кој од страна на свештенството доби подарок како и од општина Кичево од каде доби златен крст.
После овој чин годинешниот кум на црковниот храм„ Свети Петар и Павле“ во Кичево, Димитар Сиљаноски, за своите сограѓани,верници,роднини и пријатели во црковната трпезарија организира закуска во која доминираа пржените колбаси и топла ракија.
Инаку во текот на денешниот ден во општина Кичево се положувше крстот и во селата Другово,Белица и Цер.
-Во село Другово втора година по ред крстот од студените води на река Треска го извади Љубиша Дојчиноски, кој од страна на општина Кичево доби златен крст.