Домување

Тврдоглавите дамки од вино на тепихот можат да бидат доста фрустрирачки бидејќи мора да бидете особено внимателни при чистењето. Но можете успешно да ги отстраните со помош на неколку состојки. Измешајте две чаши топла вода со една кафена лажичка бел оцет и една лажичка детергент. Натопете го сунѓерчето во течноста и исцедете го на дамката. Потоа истријте ја дамката со чиста крпа и исушете ја.
Потоа истурете малку вода директно на дамката или натопете чиста крпа со ладна вода и истиснете ја на тепихот за да се разреди виното. Земете сува крпа и употребете ја за да ја впиете водата од тепихот. Повторете ја оваа постапка неколкупати додека дамката целосно не исчезне.
Постојат неколку други начини за чистење на оваа тврдоглава дамка што можат да ви помогнат. Еден од нив е да се измеша детергент со водород пероксид во сооднос 1:2. Почекајте неколку минути да дејствува и исчистете ја со чиста крпа или сунѓер.
Сода бикарбона исто така може да биде корисна. Измешајте вода и сода бикарбона во однос 3:1 и нанесете ја на дамката. Потоа покријте ја дамката со чиста крпа и на неа ставете тежок предмет, бидејќи на тој начин содата бикарбона ќе навлезе подлабоко во тепихот. Оставете ја така во текот на ноќта и наутро исчистете ја преостанатата сода бикарбона со правосмукалка.