Молдавија планира да го напушти Заедницата на независни држави (ЗНД), трговско-политичко тело поврзано со Русија, до крајот на следната година, изјави висок молдавски функционер.
Шефот на парламентарната комисија за надворешна политика, Доина Герман изјави дека целта за спроведување на таа одлука е поставена на крајот на 2024 година, но дека „тоа не значи дека нема да има мали одложувања“, пренесе „Танјуг“, повикувајќи се на „Ројтерс“.
– Сепак, речиси сите оценки на одделни министерства покажуваат дека сме во завршна фаза – додаде Герман.
Објавата уследи по постепеното намалување на учеството на Молдавија во Заедницата на независни држави, откако Русија ја нападна Украина.
Оттогаш, тензиите меѓу проевропската влада во Кишињев и официјална Москва постојано се зголемуваат, пред се затоа што Молдавија ја поддржува Украина.
Заедницата на независни држави е економска, политичка и економска унија на 12 поранешни републики на Советскиот Сојуз (СССР). Формирана е на 8 декември 1991 година со договор меѓу Русија, Белорусија и Украина, на кој на 21 декември истата година се приклучија Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Киргистан, Молдавија, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.