На минатото ЕП дебитанти беа Македонија и Финска, во 2016 година на континентален шампионат првпат настапија Исланд, Северна Ирска, Велс и
Албанија, четири години пред тоа, кога последен пат на ЕП играа 16 репрезентации, Украина, на шампионатот во 2008 година Австрија и Полска, на ЕП 2004 тоа беше
Летонија… В година првпат на ЕП може да заигра некоја од селекциите што
настапуваат во плејофот (Естонија, Израел, БиХ, Грузија, Казахстан и Луксембург)

По завршувањето на квалификациите за пласман на фудбалското Европско првенство (ЕП) в година во Германија, веќе се формирани барабаните и фокусот сега е на ждрепката на групите на 2 декември, во Хамбург. Актуелниот европски првак Италија е во четвртиот барабан, со што се можни конкурентни квалификациски групи, откако во првиот барабан се Германија, домаќинот на ЕП 2024, потоа Португалија, европски првак од 2016 година, Франција, светски шампион од 2018 година и актуелен планетарен вицепрвак, Шпанија, победник на Лигата на нации од лани, Англија, актуелен европски вицешампион, и Белгија, полуфиналист од Светското првенство (СП) во 2018 година.
Од другите репрезентации, на пример Данска, полуфиналистот на ЕП 2020, е во вториот барабан, Хрватска, освојувач на бронзен медал од минатогодишното Светско првенство и финалист на Лигата на нации, е во третиот барабан…
Од пласираните репрезентации на ЕП 2024 преку квалификациите, ниту една не е дебитант, според податоците што ги објави Европската фудбалска унија (УЕФА) на својата интернет-страница. Досега не се случило на европските шампионати, кои се играат од 1960 година, да не настапи репрезентација што првпат игра на ЕП.
Сепак, дебитанти може да има на ЕП 2024 ако некоја од селекциите што досега не настапила на континенталните шампионати победи во плејофот, а тоа може да бидат Естонија, Израел, БиХ, Грузија, Казахстан и Луксембург.
На минатото Европско првенство, играно во 2021 година, дебитанти беа Македонија и Финска, во 2016 година на континенталниот шампионат првпат настапија Исланд, Северна Ирска, Велс и Албанија, четири години пред тоа, кога последен пат на европските првенства играа по 16 репрезентации, Украина, на шампионатот во 2008 година Австрија и Полска, на ЕП 2004 тоа беше Летонија... Н.М.

На ЕП 2024 ќе играат 16 селекции што настапија и на ЕП 2020

Од 21 сигурен учесник на фудбалското Европско првенство (ЕП) во 2024 година во Германија, дури 16 селекции настапија и на претходното првенство, играно во 2021 година, вклучувајќи ги и полуфиналистите Италија (шампион), Англија (вицепрвак), Данска и Шпанија. Низ баражот, пак, на континенталниот шампионат в година може да се најдат и репрезентациите на Полска, Украина, Финска и на Велс, кои исто така настапија и на ЕП 2020.


БАРАБАНИ ЗА ЖДРЕПКАТА ЗА ЕП 2024

ПРВ
Германија
Португалија
Франција
Шпанија
Белгија
Англија

ВТОР
Унгарија
Турција
Романија
Данска
Албанија
Австрија

ТРЕТ
Холандија
Шкотска
Хрватска
Словенија
Словачка
Чешка

ЧЕТВРТИ
Италија
Србија
Швајцарија
Плејоф А
Плејоф Б
Плејоф Ц