Ексминистерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на социјалните мрежи ја коментира пресудата на Европскиот суд за човекови права за ексминистерот Миле Јанакиески.
Јанкулоска во објавата вели дека оваа одлука значи морална сатисфакција за Миле, но ништо не може да го надомести неповратно изгубеното време.
Додава дека на денешен ден на ексминистерот првпат му беше определен притвор, а токму денес, по цели 5 години, Европскиот суд за човекови права објави одлука со која утврдил дека постои повреда на правото на слобода затоа што не постоеле доволни причини за неговото лишување од слобода.
Претходно, Европскиот суд објави дека на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, незаконски му бил продолжуван домашниот притвор во случаите „27 април“ и „Шпански скали“. Ексминистерот претрпел штета поради притворите и државата треба да му плати отштета.