Вооружена група денеска се судри со затворската полиција и го ослободи поранешниот диктатор на Гвинеја, Муса Дадис Камара од затворот во Конакри.
Гвинејскиот министер за правда Чарлс Алфонсо Рајт најави затворање на државните граници и побара одговорност од напаѓачите.
Камара во 2008 година со државен удар ја презема власта во Гвинеја. Тој владееше до 2010 година, а потоа ја напушти земјата и беше во егзил во Буркина Фасо.
Тој е еден од повеќе од десетината осомничени кои беа обвинети за вмешаност во масакрот во 2009 година, кога Гвинеските безбедносни сили пукаа врз мирните демонстранти кои протестираа против намерата на Камара да се кандидира за претседател на Гвинеја, при што загинаа најмалку 157 луѓе.
Камара во 2021 година се врати во Гвинеја и беше затворен поради масакрот од 2009 година.