Град Скопје распиша конкурс за директор на јавната установа Младински културен центар. Право на пријавување имаат сите државјани на Македонија кои ги исполнуваат законските услови за пријавување, опишани во Статутот на МКЦ.
Покрај главните услови за пријавување кои мораат да бидат исполнети, како имање на меѓународен сертификат за познавање на англиски јазик, 5 (пет) годишен работен стаж во областа на културата или 5 (пет) години работно искуство на работи или проекти во областа на културата врз основа на склучени договори за дело, кандидатите потребно е да поднесат и пријава со кратка биографија и програма за работа и развој на установата.
Повеќе информации за конкурсот може да се најдат на страните на социјалните мрежи на установата. МКЦ ги поканува сите активни чинители во културата, индивидуалци со искуство во менаџмент на проекти од областа на културата, докажани познавања и вистински ентузијазам да се пријават.