Денешното судско рочиште за предметот „Титаник“ на СЈО е одложено за 23 ноември поради немање услови за негово одржување.
На денешното рочиште не беа присутни поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски, кои од утринава се во притвор во затворот во Шутка.
Тие заедно со пратеникот Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко, и уште неколкумна други лица се обвинети во „Титаник“ за злосторничко здружување и изборни нерегуларности.