Големата епидемија на легионела во полскиот град Жешов и околниот регион веќе предизвика смрт на 19 лица, соопштија денеска локалните здравствени власти, јави ДПА.
Сите починати имале и други болести, објави здравствениот оддел во југоисточниот град. Бројот на заразени со бактеријата се искачи на 160, од кои 107 се од самиот Жешов, според извештајот.
Легионерската болест е сериозна белодробна инфекција која се шири со вдишување на капки контаминирана вода, но не е заразна. Луѓето можат да се заразат додека се тушираат, користат тоалет или користат клима уред, а првичните симптоми може да се помешаат со грип.