Петар Милошевски е најуспешен поединец со вкупно три први места, а Илинден најуспешен клуб со шест први места, на двата августовски турнира, кои се одржа изминатиот викендов на теренот на клубот на Хиподром во Маџари, а во организација на коњички спорт Илинден од Скопје.
Во саботата се одржа четвртото коло од отвореното Првенство на Македонија во прескокнување пречки, во класите А, Б, Ц, Д и Е со височина на пречките од 0,7 до 1,3 метри и ширина од 1.4 метри, а вчера и првото коло од Купот на Македонија во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и Е, со височина на пречките од 0,6 до 1,3 м.
На Првенството на Македонија во првиот натпревар во класата Е (висина 0,7 м./0. 9 м. ширина), прв беше Горјан Атанасовски со грлото „Змеј“ од ККС Илинден, а втор Ветон Куртаи со грлото „Прометеј’ од ККС Илинден. Во вториот натпревар во класата Д (висина 0,9 м.-1.1 м. ширина), триумф на Марта Димитриевиќ со грлото „Калатус“ од ККС Илинден, пред Горјан Атанасовски со грлото „Змеј“ од ККС Илинден и Матеа Димовска со грлото „Нур“ од КК Анималс.
Во третиот натпревар од класата Ц (висина 1 м.- 1.2 м. ширина), победи Сиља Дуковска со грлото „Најтингел“ од ККС Илинден, а втора беше Лија Каев со грлото „Аполо“ од КК Анималс. Во четвртиот натпервар во класата Б (висина 1.1 м.- 1.3 м. ширина), триумф на Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос, а втора беше Меланија Атанасовска со грлото „Влеут“ од ККС Илинден. Во петтиот натпревар во класата А (висина 1.2 м.- 1,4 м. ширина), немаше пласирани.
Во првото коло пак, од Купот на Македонија, во првиот натпревар во класата А (висина 0,70.- 0.9 м. ширина), најмногу покажа Горјан Атанасовски со грлото „Змеј“ од ККС Илинден, а втор заврши Ветон Куртаи со грлото „Прометеј“ од ККС Илинден. Во вториот натпревар во класата Д (висина 0,8 м.-1.1 м. ширина), првото место го освои Марта Димитриевиќ со грлото „Калатус“ од ККС Илинден, пред Горјан Атанасовски со грлото „Змеј“ од ККС Илинден и Ветон Куртаи со грлото „Прометеј“ од ККС Илинден. Во третиот натпревар, во класата Ц (висина 1 м.-1.2 м.ширина), најдобара беше Сиља Дуковска со грлото „Најтингел“ од ККС Илинден, пред Лија Каев со грлото „Аполо“ од КК Анималс.
Во четвртиот натпревар во класата Б (висина 1.1 м.-1.3 м. ширина), славеше Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос, пред Сиља Дуковска со грлото „Ехо“ од ККС Илинден. И во последниот петти натпревар од Купот на Македонија, во класата А (висина 1.2 м.- 1,4 м. ширина), повторно победи Петар Милошевски со грлото „Надја“ од КК Бравадос, а втора заврши Леонида Гроздановска со грлото „Кардино“ од КК Анималс. Г.И.