Најавата за оставки на министрите од ДУИ е класичен, но и препознатлив блеф, реагираат од Демократски сојуз (ДС).
-ДУИ како партија најодговорна за криминализација на државата, блокада на реформите на судскиот систем, злоупотребата на Бадентер и балансерот, огромниот број на промашени капитални инвестиции,како и колапсот на државните институции,се доволни причини за повлекување од власта. ДИУ, заедно со Маричиќ и Ковачевски ,ја водат надворешната политика,која ги загрози евроинтеграциите со прифаќање на неоснованите барања на Бугарија и нивно вградување во Преговарачката рамка,посебно за промената на Уставот и историските и образовни прашања,без при тоа да се направат пошироки консултации. За почеток,од функцијата треба да се повлече Бујар Османи,кој со своите одлуки директно ги загрози националните интереси на Македонците,но и на другите граѓани,а ги загрози и европските перспективи на Македонија. Влада нема поддршка од граѓаните,ниту од мнозинството во Парламентот,поради што неопходни се избири,како демократски чин за промена на власта – велат од ДС.