ФОТО: Ка.М

По 15 пат во ЦК „Марко Цепенков” во летната сцена се одржува меѓународната ликовна колонија „Дрен 2023“, на која творат 19 уметници од земјава и од странство.

Уметниците работат во повеќе дисциплини: скулптура, инсталација, сликарство и користат различни материјали, дрво, метал, прилепски мермер. Се очекува годинава да се создадат 40 дела.

-Колонијата започна како сликарска, а од 2021 меѓународната ликовна колонија „Марко Цепенков“ – Дрен почнува со работа во скулпторски медиуми (метал, дрво, мермер…) со што се додава дополнителен квалитет на колонијата и се става акцент на работата во различни медиуми – вели Марјан Стојаноски од ликовната дејност на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

Уметниците велат дека условите за работа се одлични и дека дружбата е убава за размена на искуства.

Создадените дела на колонијата ќе бидат презентирани на изложба во Центарот за култура, а претставување ќе има и во повеќе градови низ земјава.

Колонијата се реализира со финансиска поддршка на Министерството за култура, а ќе трае до 23 јули.

Ка.М