Вие ни пишувате

По повод 65 години од излегувањето на првиот број на прилогот „Колибри“, ви го пишувам ова писмо, со желба да ви го честитам роденденот.
Во прилог е и песничката што ја напишав во акростих, како моја честитка за јубилејот на оваа мала птица, по која вашиот богат прилог за деца го добил името.
Летај „Колибри“
уште многу лета!

Климе многу го сака
„Колибри“
Олга едвај вторникот
го чека,
Ленка со задоволство
го чита,
Илија од него не
се откажува,
Борис голем интерес
покажува,
Ристо со него ум
разбиструва,
Ивона редовно
го прелистува.

Со почит,

Ванчо Шенковски,
пензионер од Берово и ваш повремен соработник