На Меѓународниот царински граничен премин Товарник, припадници на царинската мобилна единица и полиција во товарно возило со српски регистарски таблички, со кое управувал 25-годишен државјанин на Србија, пронашле 364 пакети со вкупно 280 килограми марихуана.
Ова го соопшти полициската управа на вуковарско-сремската жупанија.
– По налог на жупанискиот суд во Вуковар извршена е претрага на товарно возило со приколка, а во кровот на ладилникот се пронајдени 364 пакети со околу 280 килограми марихуана, стои во полициското соопштение.
Исто така се истакнува дека српскиот државјанин добил кривична пријава и е предаден на хрватското Државно обвинителство.