Милвоки израмни рекорд според постигнати тројки на меч во плејофот

КОШАРКА – НБА

Кошаркарите на Милвоки го победија Мајами со 138-122 и на тој начин израмнија на 1-1 во првата рунда од плејофот на Источната конференција на кошаркарската НБА-лига. Кошаркарите на Милвоки постигнаа вкупно 25 тројки од 49 обида на тој натпревар, на кој не настапи нивниот најдобар играч, Јанис Адетокунбо, кој има проблеми со грбот откако се повреди на првиот дуел од годинашниот плејоф.
Милвоки истовремено израмни рекорд во НБА-лигата според бројот на постигнати тројки во плејоф-натпревар, кој претходно го постави Кливленд, во дуелот со Атланта во вториот меч од полуфиналето на Источната конференција во 2016 година.
По првите два меча од првото коло на плејофот, водство со по 2-0 имаат Денвер на дуелот со Минесота, потоа Филаделфија со Бруклин, Сакраменто со Голден стејт, како и Бостон со Атланта. На другите средби е нерешено, 1-1, Милвоки – Мајами, Кливленд – Њујорк, Феникс – Лос Анџелес клиперс и Мемфис – Лос Анџелес лејкерс. Се игра до четири победи. Г.И.