Демократката Алексадриа Окасио-Кортез стана најмладата американска конгресменка во историјата. Александриа има само 29 години, пораснала во Њујорк, а нејзиното семејство по потекло е од Пoрторико.
Александриа пораснала во Бронкс, а пред почетокот на политичката кариера работела како коктел мајстор во еден угостителски објект, се со цел да помогне на своето семејство. Дипломирала економија и меѓународни односи на Универзитетот во Бостон.
Се очекува најмладата демократка да биде „гласот“ во американскиот Конгрес. Таа на 26 јули го порази својот противкандидат од Демократската партија, сенаторот Џозеф Кроули, кој имаше речиси 20-годишен мандат. Како што и се очекуваше, со оглед на тоа што 14-та област во Њујорк е, секако, сина област, каде што кандидат на републиканците нема шанси да победи, Александрија успеа да влезе во Конгресот на САД по својата прва кандидатура.
Александриа својата кампања активно ја водеше на терен и на Инстаграм. Смета дека луѓето во доцните дваесетти и триесетти заслужуваат место во Сенатот, бидејќи пред нив претстои историја и дека младите ќе се носат со промените кои следуваат во САД.