Кабинетот на претседателот на Финска, Саули Ниинисто, лиферуваше соопштение во кое потврди дека Финска во и официјално ќе стане членка на НАТО алијансата, а во меѓувреме стасаа и првите реакции од Русија.
Заменик министерот за надворешни работи на Русија Александар Грушко најави дека земјата ќе го зајакне својот воен потенцијал како одговор на членството на Финска во НАТО.
– Русија ќе го јакне својот воен потенцијал во западните и северозападните правци како одговор на членството на Финска во НАТО. Некои од мерките се веќе објавени. Ќе го зајакнеме нашиот воен потенцијал во западните и северозападните правци. Во случај на распоредување на силите и средствата на другите членки на НАТО на територијата на Финска, ќе преземеме дополнителни чекори за сигурно да ја обезбедиме воената безбедност на Русија – рече Грушко.