Ново продолжение во низата акции што деновиве ги спроведува полицијата за сузбивање на нелегалната трговија со дрога. Утрово нешто пред 7 часот на наплатната рампа пред Тетово, на автопатот Гостовар-Тетово полицијата заплени голема количина дрога, а уапсени се двајца дилери, дознаваме од извори во истрагата.
ОД МВР потврдуваат дека во тек е полициска акција, а детали најавуваат по нејзиното завршување.
Според она што го дознаваме, во 06.45 часот на наплатна рампа Гостивар-Тетово, џип не застанал на даден знак од полициските службеници. Наместо тоа, продолжил да се движи, ја скршил рампата и удрил во службено комбе. Припадниците на полицијата испукале куршум во гумата од џипот, по што возилото застанало, патниците се приведени. При претрес, во џипот се пронајдени вреќи со дрога. Според првите проценки, вредноста на дрогата се провенува на повеќе од 100.000 евра.