За убиството на 16 годишното момче што се случи во декември 2022 година Основниот суд Тетово денеска изрече казна затвор од десет години за 17 годишното девојче, информираа од канцеларијата за односи со јавност на тетовскиот суд.
Девојката од тетовското село Рогле е осудена за кривично дело убиство по член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик.
– Основниот суд Тетово денес донесе пресуда за настанот случен на ден 21.12.2022 на место викано Бањиче, во кој лишен од живот е детето Б.Х на возраст од 16 години, а за кој настан постапката се водеше спрема дете во судир со законот на возраст од 17 годни за кривично дело Убиство по член 123 став 2 т1 од Кривичен законик. Судот донесе пресуда со која детето во судир со закон е огласено за виновно и изречена му е казна затвор за деца во траење од 10 години – се вели во соопштението на тетовскиот суд.
На 22 декември 2022 полицијата безживотното тело на 16 годишното момче од Ново село, Општина Желино беше најдено во реката Пена кај месноста Бањиче близу Тетово. Сега веќе осудената 17 годишно девојче беше приведено наредниот ден, по што и беше определен и притвор. Убиство по член 123 став 2 точка 1 според Кривичниот законик претставува Квалификуван облик на убиство-Убиство на свиреп начин.