Полицијата вчера го привела Г.Д.(42) од Прилеп, а при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „екол“ 9 мм.
Било утврдено дека тој за време на празникот коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот.
Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок, велат од МВР. Ка.М.