На улицата Широк сокак во Битола, вчера, полициски службеници го привеле Р. И. (53) од Прилеп, со живеалиште во Битола, затоа што кај него била пронајдена и одземена артилериска граната во калибар од 75 мм од Првата светска војна, пренесува Макфакс.
Гранатата била предадена во Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.