Животни

Во последните децении фенг шуи стана многу важно кога станува збор за уредувањето и внесувањето предмети во домот, за кои се верува дека носат среќа, мир и богатство.
Многу малку луѓе знаат дека еден миленик може да донесе неверојатно количество добро за целото семејство, а тоа е златната рипка.
Ова животно е високо ценето низ ориенталниот свет и е високо почитувано од будистите, бидејќи претставува еден од светите амблеми на Буда. Источните земји цврсто веруваат дека семејствата што имаат златна рипка во својот дом живеат долг и здрав живот, а Египќаните уште од античко време верувале дека овој миленик му носи среќа на целото семејство.
Само мажените жени во Грција добиваат златна рипка како подарок за среќа во бракот и многу деца, а многумина веруваат дека златната рипка е најмоќниот талисман што привлекува богатство.
Кинезите веруваат дека златната рипка чува добра чи-енергија во домот, без која, според нивното верување, нема мир, благосостојба и пари во ниту еден дом.