Саудискиот принц Халед бин Талал, кој беше уапсен поради критикување на минатогодишната акција за сузбивање на корупцијата, е ослободен од притвор.
Владата на Саудиска Арабија досега нема објавено официјално соопштение поради што принцот беше уапсен, ниту, пак, зошто е ослободен.
„Вол стрит журнал“ претходно објави дека принцот бил уапсен поради тоа што ја критикувал минатогодишната голема акција на апсење повеќе од 200 принцови, министри и други официјални претставници на основа на обвинение за корупција.
Принцот Халед во притвор помина речиси една година.
Ослободувањето се случува во период кога саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман е под голем притисок поради случајот со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги, на 2 октомври во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.