Русија не може да ја победи Украина бидејќи целиот западен свет се построи зад Киев, истакна унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој ја нагласи потребата што побрзо да се воспостави примирје во Украина и да започнат мировни преговори.
– Русија не може да победи, бидејќи целиот западен свет се построи зад Украина. Во исто време, Русија е нуклеарна сила и нуклеарните сили не можат да бидат ставени во ќорсокак, бидејќи тие можат да предизвикаат нуклеарна војна. Ни треба примирје и мировни преговори. Колку побрзо, толку подобро – напиша Орбан на Твитер.
Утре се одбележува годишнината од руската инвазија на Украина, односно „специјалната воена операција“, како што Москва ја нарекува оваа воена интервенција.