Општина Прилеп ќе донира 450 илјади денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и во Сирија. Триста илјади денари се за настраданите за Турција, а 150 илјади денари за Сирија. Одлуката за доделување на хуманитарната помош за настраданото население во двете земји е донесена на денешната седница на Советот на
општина Прилеп. Изгласувајќи ја одлуката советниците го задолжија градоначалникот
Борче Јовчески да ја спроведе одлуката.
Средствата за хуманитарна помош, велат од Советот, ќе се одбезбедат од програмата А00 на општината, ставка 412 – постојани резерви. Со тоа практично се споведува во акција претходната најава на градоначалникот Јовчески за донација на средства за настраданите во земјотресите во Турција и во Сирија.
Во моментот на земјотресот градоначалникот Борче Јовчески со делегација беше присутен во општината Бајрампаша, во Истанбул, со цел збратимување и воспоставување на економска и културна соработка. Ка.М.