Разорните земјотреси со јачина од 7,8 и 7,5 степени според Рихтеровата скала што го погодија југот на Турција однесоа повеќе од 2.100 животи, според моментно достапните податоци.
Речиси 9.000 луѓе се повредени, а се стравува дека овие бројки ќе се зголемат бидејќи земјотресот ги затекна повеќето луѓе на спиење.
Токму тоа се случи и со одбојкарките на Хатајспор во земјотресот што во раните утрински часови го погоди тој дел на Турција.
Информацијата за нивното исчезнување под урнатините со апел за помош преку социјалните мрежи ја испрати турски одбојкар, а ја пренесоа и локалните медиуми.
Наводно, сите одбојкарки ноќта ја поминале во зграда која била урната во земјотресот.
Турските медиуми јавуваат дека под урнатините се наоѓаат и голем број борачи.