ТЕНИС – ТУРНИР ВО ТУНИС

По настапот во финалето на претходниот турнир во Тунис, најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски (534-ти на светската АТП-листа) повторно игра на турнир во Тунис, за награден фонд од 15.000 долари (се игра на тврда подлога). Тој како прв носител на овој турнир веќе се пласира во четврт-финалето, откако го победи полскиот тенисер Олаф Пјечковски (на 797-то место), со 6-2 и 6-1 за еден час и 17 минути игра.
Во првото коло претходно, Ивановски славеше со 2-0 во сетови (6-3, 6-3), против американскиот тенисер Ендрју Роџерс (на 1.161-то место). Во четврт-финалето Ивановски треба да игра со осмиот носител на турнир, Артур Букује (668) од Франција.
Со новите освоени бодови досега на овој турнир може да се очекува нов напредок на ранг-листата на АТП за Ивановски, кој во понеделникот напредуваше на 534-то место, што е и негов најдобар пласман во кариерата на АТП-листата. Г.И.