Владата на денешната седница ја разгледала Информација од Министерството за здравство за потребата од обезбедување дополнителни финансиски средства за ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести Скопје, зa набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза. Заклучено е, како што информираат оттаму, Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да одржат координативен состанок, со цел доставување предлог решение.
Владата на денешната седница донесела Одлука за давање согласност на Одлуката за проширување на дејноста на Јавната здравствена установа Градска општа болница „8-ми Септември“ – Скопје за спроведување специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита на секундарно ниво од областа на онкологијата и радиотерапијата.