САД ќе и испорачаат на Украина напреден систем за противвоздушна одбрана „Патриот“ за да и помогнат во спротивставувањето на воздушните напади на Москва, објави Стејт департментот.
– Денешната помош за првпат вклучува систем за противвоздушна одбрана „Патриот“, способен да соборува крстосувачки ракети, балистички ракети со краток дострел и авиони на значително повисок плафон од претходно обезбедените системи за противвоздушна одбрана – наведе американскиот државен секретар Антони Блинкен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да замине во Вашингтон, што е негово прво патување надвор од Украина по руската инвазија во февруари.