Немавме вистинска идеја за тоа колку е големо ова, не знаевме дека сите застанале да нѐ гледаат како играме. Кога разговарате со вашето семејство и со пријателите, добивате идеја за тоа што се случува, тие ви велат дека им е даден слободен ден од работа, дека сите го гледаат натпреварот, дека часовите на училиште се откажани. Но, потоа, кога се вративме во Бразил и видовме мноштво луѓе на улица, сфативме колку е големо влијанието, вели некогашниот бразилски репрезентативец Кака, светски првак од 2002 година

ФУДБАЛ

Најнезаборавниот момент беше кога требаше да го држам трофејот, да го погледнам, кога си реков: „Го направивме тоа. Ние сме светски шампиони. Навистина, ова е мојот најголем момент“, вели некогашниот бразилски репрезентативец Кака за интернет-страницата на Светската фудбалска федерација (ФИФА).
Кака беше еден од најдобрите играчи на својата генерација. Тој освои медал за победник на Светското првенство на 20-годишна возраст, кога беше дел од репрезентацијата на Бразил на турнирот во Јужна Кореја и во Јапонија во 2002 година. Тој играше уште на две светски првенства, во 2006 и во 2010 година, и ја освои Лигата на шампионите во 2007 година.
– Многу е тешко да се игра на светско првенство. Тешко е да се биде професионален фудбалер; многу е тешко да се игра за репрезентацијата на вашата земја. Има различни фази, различни нивоа на предизвици и светското првенство е најголемиот од нив. Ако можете да стигнете до стандардот каде што можете да играте на светско првенство, тоа е големо лично и професионално освојување. Имав привилегија да учествувам на три светски првенства и тоа е многу посебно. Сеќавањата секогаш се многу силни – рече Кака, пренесе ФИФА.
Кака не се сомневаше во кревањето на трофејот во 2002 година, кога Бразил ја освои титулата по рекорден петти пат.
– Бев таму, учествував. Кога заврши натпреварот, бев на работ на теренот подготвен да влезам и да играм неколку минути. Најнезаборавниот момент беше кога успеав да го држам трофејот – вели тој.
Додека играчите денес може да ги следат реакциите дома на социјалните мрежи, тоа не беше случај во 2002 година. Кака рече дека победата на Бразил имаше влијание само врз него и врз неговите соиграчи кога се вратија во Бразил.
– Немавме вистинска идеја за тоа колку е големо ова, не знаевме дека сите застанале да нѐ гледаат како играме. Кога разговарате со вашето семејство и со пријателите, добивате идеја за тоа што се случува, тие ви велат дека им е даден слободен ден од работа, дека сите го гледаат натпреварот, дека часовите на училиште се откажани. Но, потоа, кога се вративме во Бразил и видовме мноштво луѓе на улица, сфативме колку е големо влијанието – вели Кака.