Дојава за поставена бомба пристиганала изутринава во Министерството за надворешни работи во Скопје. Во тек е евакуација на присутните во зградата.
– Информираме дека до Министерството за надворешни работи преку електронска пошта пристигна информација дека во зградата се поставени експлозивни направи. Министерството веднаш ги извести соодветните служби во МВР, по чии насоки заградата е веднаш евакуирана. Соодветно на безбедносните протоколи, штом се создадат соодветни услови, вработените ќе се вратат на работа – соопштија од МНР.
Екипи на МВР веќе се на терен и преземаат активности за проверка на зградата.
Освен анонмимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта минатата недела имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.