Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ поевтинуваат за два денара по литар, а малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси.
Нова цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 81,00 за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе чини 83,5 денари.
Литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) и натаму ќе се продава за 84,50 денари, Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 81,5 денари, а килограм Мазут М-1 НС за 42,171 денари.