Опозициски пратеник во Турција е хоспитализиран по тепачка во Парламентот за време на тензичната дебата за државниот буџет за следната година. Турските телевизии објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Таип Ердоган и опозициските политички групи во меѓусебна физичка пресметка со тупаници, додека нивни колеги се обидуваат да ги смират.
Според турски медиуми, Хусеин Oрс, пратеник од опозициската „Добра партија“ бил удрен во лицето и до доаѓањето на итната медицинска помош, за него се грижел негов колега, по образование доктор. Oрс страда од проблеми со срцето и по итното пренесување во болница, превентивно бил сместен на интензивна нега.