Самостојниот синдикат на Клинички центар (ССКЦ) денеска постигна договор со Владата, со што утрешниот најавен протест се става во мирување, потврди во изјава за МИА, потпретседателот на ССКЦ Предраг Серафимовски, нагласувајќи дека владината понуда е во согласност со нивните барања и поради тоа е донесена одлука да не протестираат.
– Денеска одржавме состанок со претседателите на 56 синдикални организации, со околу 5.000 членови од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На наше инсистирање присуствуваа и министерот за здравство Беким Сали и заменикот министер Владимир Рендевски и пред Советот ја презентираа одлуката – вели Серафимовски.
Попладнево пред Влада ќе се одржи прес-конференција на која ќе биде соопштена донесената одлука.