Македонскиот дипломатски синдикат дава силна поддршка на студентите во борбата за зачувување на нивниот животнен стандард и достоинство.
-Недозволиво е на грбот на една од најранливите категории да се спроведува штедење на исхрана, греење и хигиена. Се работи за наши деца, наши синови и ќерки, но и наши идни колешки и колеги. Зарем треба да поминат низ пекол на сиромаштија и понижувања за да станат академски граѓани? Студентските денови треба да останат во нивната меморија како најубав период во животот, период на стекнување нови знаења, нови пријателства и подготовка за идниот професионален живот, а не како мрачен период на изгладнување, смрзнување и нечистотија. Жално е кога ќе погледнеме какви се студентските домови низ регионот и низ Европа, кои најчесто се користат преку лето и како хотели, а какви се нашите. МДС ги охрабрува студентите да продолжат со своите најлегитимни можни барања за хумани услови за живот и достоинство – стои во соопштението од синдикатот.